АктуелноОхрид

Пронајден и одземен хашиш при излез од фабрика за медицински канабис кај лице од Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на  (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.