На наше големо задоволство, денес библиотеката на НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци”- Струга
се збогати со монографијата
,,Охридско-струшкиот кувенџиски центар”, која претставува збир и приказ на предмети изработени во овој кувенџиски центар.
Во време кога традиционалните занаети се повеќе исчезнуваат од живата практика, ваквите записи претставуваат значаен чекор кон зачувување на материјалното културно наследство и негово пренесуваење кон идните генрации.
Автор на оваа вредна монографија е Ljupco Milosheski, издавач е НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци”-Струга, а проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.











