На 02.02.2026 во 21:25 часот, при контрола во патниот сообраќај на улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (32) од Охрид.
Притоа, било констатирано дека лицето го управувал возилото иако имал изречена заштитна мерка – забрана за управување со моторното возило од Б категорија во траење од три месеци.
По добиени насоки од јавен обвинител, полициските службеници го одзедоа возилото и возачките документи, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












