Со завршувањето на овој зафат е уредена коловозната површина, подобрено е одведувањето на атмосферските води и се обезбедени значително подобри услови за движење и пристапност за жителите и туристите во ова познато туристичко место.
Инвестицијата во износ од 3.835.860 денари, обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт, резултира со современа, безбедна и трајна патна инфраструктура која ја зголемува функционалноста на населеното место и директно придонесува за подобар квалитет на живот.
Реализацијата на овој проект претставува уште еден значаен чекор кон унапредување на инфраструктурата во Општина Охрид и обезбедување рамномерен развој на урбаните и руралните средини.
Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина











