АктуелноОхрид

Кривична пријава за охриѓанец, возел со впишана мерка “забрана за управување возило”, возилото е одземено

Денеска (01.02.2026) во 17:00 часот на ул.”Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило “бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од  лице на (44) од Охрид, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка “забрана за управување со моторно возило од Б категорија”.
Известен е јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот, против  лицето  ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ “безобѕирно управување со моторно возило”.