АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Велешта, му продал кокаин на лице од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (35) од  струшкото село Велешта, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој, на 28.11.2025 година, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, на  лице  од Охрид, му продал две најлонски опаковки со наркотична дрога кокаин, по што се лишени од слобода.