АктуелноОхрид

Српската заедница „Коштана“ во Охрид денес ќе го одбележи празникот посветен на Св. Сава

Со традиционална славска погача и културно-забавна програма српската заедница „Коштана“ од Охрид денес ќе го одбележи празникот посветен на српскиот светител Сава.

Српската заедница во Охрид брои околу 300 чланови а на ниво на територијата на Р. Македонија, здружението е регистирано во 1991 година во Скопје, чија цел е негување на српската традиција, корени и идентитет.

Денешниот ден е неработен за припадниците на српската заедница во нашата земја.

 

 

 

 

фото -архива