АктуелноОхрид

Пријавена кражба на електрична енергија од лице од село Велешта

На 23.01.2026 година во 10:30 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено кривично дело „Кражба на електрична енергија“ сторено од лице  од селото Велешта извршено со неовластено преместување на електричен кабел од броило на мерно место.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.