АктуелноОхрид

Лице од Лескоец пукал кон паркирано возило и му нанел тешки повреди на лице од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (40)г од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид “ по чл.123 од Кривичниот законик.

Тој, на 30.12.2025 година околу 01 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со огнено оружје пиштол пукал кон паркиран автомобил „Голф“ и на возачот , лице на (40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, ја принудил да влезе во неговиот автомобил.