Годината ни започна со женска енергија – првороденото бебе во 2026 е женско, а веднаш по неа се родија уште две прекрасни девојчиња!
Традиционално, ги посетивме новите членови на нашата заедница и ги дарувавме со пригодни подароци. На малите принцези им посакувам да бидат здрави, живи и секогаш насмеани, а на нивните родители да бидат горди и исполнети со радост.
Упатувам огромна благодарност и честитки до тимот лекари и целиот персонал на Одделението за гинекологија за нивната деноноќна посветеност и професионалност.
Во новата година посакувам уште повеќе плач на новороденчиња и многу среќни семејства, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Ohrid1 > Blog > Uncategorized > Три девојчиња се родија во првиот ден од Новата Година
Три девојчиња се родија во првиот ден од Новата Година
Редакцијајануари 1, 2026
posted on












