АктуелноОхрид

Охриѓанец пронајден во паркирано возило со повреди на телото на локален пат во струшко Ливада

На 30.12.2025 во 02:37 часот во ОВР Струга е пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки на локален пат во струшкото село Ливада со повреди по телото бил пронајден  лице на (40) од Охрид.

Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.