АктуелноОхрид

Бронзен медал за младата Михаела Милеска од подрачното основно училиште во Враништа, на јуниорската македонска математичка олимпијада

На 25.12.2025 година (четврток), на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа свечено доделување на медалите за најуспешните ученици на натпреварите по математика за учебната 2024/2025 година.
Со особена гордост истакнуваме дека нашата ученичка Михаела Милеска, ученичка од IX одделение при подрачното училиште „Дедо Лазор Циркоски“ – с. Враништа, освои бронзен медал на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО) 2025, кој свечено ѝ беше доделен на овој настан.
👏 Честитки до Михаела за постигнатиот успех, како и до нејзината наставничка Марина Нестороска за посветената работа и поддршката.
🌟 На Михаела ѝ посакуваме уште многу успеси и нови достигнувања во иднина, стои во објавата од подрачното основно училиште во Враништа.