АктуелноОхрид

Епохалното откритие на архајското богатство од Корошишта, Струшко предизвикува голем интерес низ Европа

Епохалното откритие на архајското богатство од Корошишта, Струшко предизвикува голем интерес низ Европа, вели директорката на Археолошкиот локалитет на Македонија, Магдалена Манаскова.

Перо Арџанлиев, кустос-советник и раководител на проектот, вели дека во 2020 за време на земјени работи во близина на селото Корошишта сосема случајно беше направено извонредно археолошко откритие – беа откриени бронзен шлем и фрагменти од бронзен сад. Овие наоди поттикнаа понатамошно истражување, а во 2024 археолозите од Археолошкио музеј започнаа систематски ископувања, објави порталот сдк.мк.

Најголем дел од наодите во рекордно време беа конзервирани и денес можат да се видат во новата постојана поставка во Археолошкиот музеј. Станува збор за 123 предмети, дел од нив се изложени, а другите меѓу кои се поголемите бронзени предмети, конзервацијата уште е во тек.

– Колегата д-р Перо Арџанлиев минатиот месец беше во Прага на конференција, сега е поканет во Грција. Откритието предизвiкиува интерес во цела Европа. Важно е да се продолжи со понатамошни финансирања и се надеваме на уште резултати, вели Манаскова.

Она што беше откриено, вели Арџанлиев, е архајска некропола што датира од 6 век пр.н.е., сместена на само 5 км северозападно од познатата некропола Требеништа. И покрај тоа што е новооткриена, според богатите наоди, но и импозантната гробна архитектура, оваа некропола целосно може да се натпреварува со Требеништа по значење.

Минатата недела, на седница на Владата беше усвоена информацијата за локалитетот која ја доставува Министерството за култура. Манаскова вели тоа значи дека Владата се запозна со значењето на откритието, дека како информација не навлегува во некоја друга експликација на истражувањата, освен дека се работи за откритие кое може да се случи еднаш во 100 години. Информацијата се однесува на тоа дека е потребно и понатаму да се продоложат истажувањата, но во поголем обем отколку што вообичаено се издвојуваат средства за истражување.

sdk.mk