АктуелноОхрид

Охриѓанец упатувал навреди и закани кон полициски службеници

На 05.12.2025 година во 08:50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (46)г. од Охрид, кој претходно, кај каналот „Студенчишта“, физички го нападнал  едно лице , по што, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, предизвикал вербална расправија со друго лице , двајцата од Охрид.

Во текот на службените разговори во СВР Охрид,  лицето  кон полициските службеници, упатувал навреди и закани.

По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.