АктуелноОхрид

Означен почетокот на реализацијата на два проекти финансирани во рамките на ИПА III Програмата за меѓугранична соработка со Република Албанија

Денес , 01.12.2025, на пригодна свеченост во просториите на Планинската спасителна служба беше означен почетокот на реализацијата на два проекти што се одобрени во рамките на првиот повик од ИПА III Програмата за меѓугранична соработка со Република Албанија, и тоа: „Волонтери во акција за безбедност на луѓето и заштита на природата“ и „Крушево и Елбасан – патување низ природата и авантурата“.
🔷 На свеченоста, свои обраќања имаа Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид, Златко Перински, министер за локална самоуправа, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија, Еридана Чано, генерален директор на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош во Република Албанија, Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид и Нико Чонески, градоначалник на Општина Крушево.
🔷 Исто така, потпишани беа договорите за национално кофинансирање меѓу Министерството за локална самоуправа и носителите на проектите, како и Договорот за партнерство за техничката помош на Програмата за прекугранична соработка со Албанија.
📌 Црвен крст Охрид е носител на проектот „Волонтери во акција за безбедност на луѓето и заштита на природата“ и ќе го спроведува во партнерство со Националниот сојуз за планинско спасување, Јавната установа Национален парк Галичица, Општина Пеќин од Албанија и Албанската федерација за планинарство и планински туризам. Во рамките на овој проект предвидени се низа активности што ќе придонесат кон јакнење на спасувачките капацитети, безбедноста и заштитата на животната средина во Северна Македонија и Албанија. Времетраењето на проектот е 30 месеци.