На 29 ноември беше одбележан месец Ноември, светскиот месец на книгата, во Н.У Центар за култура ” Браќа Миладиновци” Струга. Кој е втор Ерусалим што се премостува со Охрид познат по многубројните божји храмови. Ова е Миладинова престолнина каде што се посеани слова, распрснати на небесата меѓу ѕвездите. Двајцата браќа со кирилицата од Кирил и Методиј описменети со златно перо испишаа безброј слова, аманет оставија плодот нивни да се ожнее за младите, очи да опулат оти при очи слепи да не останат и на родот свој Македонска Библија, Зборник му дарија.

Тие се нашиот идентитет ја отворија идеалната цел и ја затворија во стаклено ѕвоно како да е волшебна роза што го зрачи и шири мирисот на сопствениот идентитет. Деца сме на Клиенти и Наум. Описменети од Кирил и Методиј, христијани, верници сме на Христа и апостол Петар и Павел. Еден е храм, едно е светилиште на мајчиниот наш македонски јазик што ѕвонат ѕвона и канбани бијат од слова свеќи горат патот го покажуваат на писменоста.

Настапија поети од Охрид и Струга со читање на нивна поезија. Во продолжение на програмата автор Елизабета Трајчевска Ѓоршеска во соработка со здружение ” Тајните на моето срце ” се јавува како хуманитарец ги промовираше трите збирки поезија за кои средствата ќе бидат наменети за деца со посебни потреби, деца без родители, ранливи категории и онаму каде има потреба.

Оваа година во последниве месеци беше плодна со настани се надеваме во иднина ќе биде поплодна благодарам на соработката здружение “Тајните на моето срце”. Автор:Ели Елизабета Трајчевска Ѓоршеска












