АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Празнување на Св.Архангел Михаил во истоимената црква во с. Враништа

Голем број верници утрово беа дел од Светата Богослужба која се одржа по повод празникот Св.Архангел Михаил во истоимената , нововизградена црква во село Враништа, Струшко.

Во продолжение на отслужената богослужба со која рководеше Отец Ристе Наумоски беа отпеани славските лебои кои ги имаа приносено верниците, а беше крстена и  вода.

Во своето обраќање на крај од богослужбата Отец Наумоски се осврна за значењето и делото на овој голем Светител.