АктуелноОхрид

Физички нападнато лице на автобуска постојка во Велгошти

На 31.10.2025 во 00:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на автобуска постојка во охридското село Велгошти, едно лице физички го нападнало лице на (28) од истото село.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.