На 27.10.2025 во 13:30 часот на паркинг простор на улица ,,Сирма Војвода” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (26)г. од охридското село Коњско.
Тој се сомничи дека претходно на паркингот физички го нападнал лицце на (70)г. од охридското село Долно Лакочереј, затоа што со неговото возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки удрил во возилото „фолксваген голф“, сопственост на едно лице а потоа и во друго паркирано возило „голф”. лицето се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид,
По наредба на јавен обвинител, увид изврши екипа од СВР Охрид и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.











