На 15.10.2025 во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга.
По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него, констатирале 2,55 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












