АктуелноОхрид

Започнува со работа нов кабинет за доплер-ехо дијагностика во Здравствен дом Вевчани

Од понеделник, 13 октомври, ќе може Вевчанци и жителите од околината да направат ехо-доплер прегледи на каротидни артерии, како и на периферни артерии и вени на долни и горни екстремитети во нашата установа.
❤️Со ова, жителите на Вевчани и околината ќе имаат побрз, полесен и поблизок пристап до оваа важна дијагностичка услуга, за која досега се патуваше надвор од местото на живеење.
🤗Остануваме посветени на нашата мисија за развој, подобра достапност, подобра опременост и подобра здравствена грижа за нашите пациенти.