АктуелноОхрид

Претрес во струшко, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

На 30.09.2025 во 11:00 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода  лице на (34) г. од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.