Инспиративна средба денес остварив заедно со Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија господин Георгиј, претседателка на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, Ана Дукоска и Кимберли Флечер, претседателка на движењето „Мајки од Америка“ заедно со претставници од движењето.
На средбата ја потенцирав нашата визија за родова еднаквост во функционирањето на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид и воедно изразив и поддршка за иницијативата која овие две исклучително храби и мотивирачки жени ја спроведуваат.
Како десничарски ориетнтирана личност, вреднувајќи ги моралните и семејните вредности, ваквите иницијативи постојано ја имаат мојата поддршка, бидејќи токму преку нив можеме да ги истакнеме вистинските вредности, затоа што денес не е вредност се она што се пропагира како вредност.











