АктуелноОхрид

Апел за помош за реновирање на храмот Св. Троица во Охрид

АПЕЛ ЗА ПОМОШ
🛠️ Сабота 08:30ч 🛠️
⛏️ Возљубени наши, отпочнавме со реновирање на нашиот храм: дренажа на храмот, поставување на подно греење и поплочување со мермерен под.
⛏️ Заради ова богољубиво дело во сабота нашиот свет храм има потреба од луѓе за помош при ископ на постоечкиот под.
⛏️ Сите благочестиви браќа кои сте во можност да ни помогнете, во сабота ве очекуваме во 08:30ч, почнуваме со копањето.
⛏️ Поради немање на доволен алат за работа, ве молиме сите вас кои по благочестието свое ќе дојдите, доколку имате: колички, лопати, казми, да понесите со себе.
⛏️ Од сесрце ви благодариме за секоја ваша помош.