Со цел да го намалиме сообраќајниот метеж и да создадеме помирна и почиста атмосфера, особено во текот на летните месеци, набавивме нови електрични возила за урбан транспорт, на жителите и гостите.
Оваа иницијатива е чекор напред кон одржлив развој и позелена иднина. Со воведувањето на овие возила, ние, започнуваме со решавање на проблемот со густиот сообраќај, го намалуваме отпечатокот на CO2 и загадувањето и промовираме алтернативни начини на урбана мобилност за сите.
Нашата работа за поубав Охрид продолжува!
Охрид не запира повеќе!











