АктуелноОхрид

Митрополитот Дебарско -кичевски г. Георгиј на средба со црковниот одбор од Воведенскиот храм во Рача

Денес, во пресрет на големиот празник Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов, дел од Црковниот одбор оствари срдечна и духовна средба со почитуваниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Георгиј.
На средбата се разговараше за тековните активности на нашата Црква, како и за идните проекти и пастирски иницијативи кои имаат за цел духовно и социјално добробитие на верниот народ.
Неговото Авраамово гостопримство и духовна грижа, уште еднаш го потврдија неговиот пастирски однос кон народот Божји и грижата за доверената му епархија.
Поттикнати од добриот збор на нашиот архипастир, со нова сила и ревност продолжуваме во делото на
Црквата, за се да биде на слава Божа и на полза на верниот народ.