АктуелноОхрид

Европска недела на спортот 2025 – Спортски спектакл на кејот во Охрид

Охрид во сабота (27 септември) ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл – завршна манифестација со која ќе биде затворена Европската недела на спортот 2025. Овој проект го спроведува Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS) која годинава одбележува 10-годишен јубилеј.


Настанот ќе се одржи на Кејот Македонија, со почеток во 13 часот. Охриѓани имаат можност да уживаат во единствено искуство кое ги спојува спортот и забавата.
Во рамките на овој спортски спектакл ќе се одржат натпревари во ракомет, кошарка, фудбал, одбојка, карате, таеквондо, стрелаштво, ќе има фитнес зона и уште многу забавни активности проследени со музика и вечерна програма.
Да ја заокружиме заедно неделата исполнета со енергија, движење и спортски дух!