Петти Меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен 2025“ на отворениот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во организација на Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид со поддршка на Општина Охрид.
Во базенот секој метар е борба со времето, со себе, со границите што вчера изгледаа недостижни. Но токму тука, во тие води, се раѓаат шампиони.
Зад секој успех стои тренер кој верувал, организатор кој вложил и спортист кој одбрал да не се откаже.
Запомнете може резултатите ќе избледат, но карактерот што го градите низ овие предизвици ќе ве води цел живот.
Пливајте храбро, водете со срце и организирајте со визија.
Над 220 пливачи од 25 клубови од Македонија и странство натпреварувајки се во 9 пливачки дисциплини и 5 возрасни категории и освојувајќи 246 медали и 12 пехари.












