АктуелноОхрид

(ФОТО) Преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило” во летниов период

Согласно летниот распоред и високите температури, доминантна активност е наводнување на зелените површини кое се реализира во ноќните часови до наутро со прскалки, рачно полевање и систем капка по капка
✅Се реализираа активности за косење и чистење на дивоизраснато зеленило во село Долно Лакочереј, населба Исток, потоа Навис -Велгошти, населба Охридати, плажа Лагадин, нас.Охридати, улици ,,Јане Сандански”, ,, Железничка” и
,,Прва Македонска ударна бригада” и плажа Лагадин
✅Редовно се одржува зелениот појас со косење во градски парк и ,,Булевар Туристичка”, а на ,,Булевар Туристичка” се кастреа ниски гранки од дрворедот за непречено движење на пешаци и одвивање на сообраќајот