АктуелноОхрид

25-ТИ ФОРУМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ОХРИД НА 3 И 4 ЈУНИ

Форумот за земјоделска политика (APF), водечката платформа за политички  дијалог за земјоделството и руралниот развој во Југоисточна Европа, ќе собере повеќе од 100 клучни учесници од регионот и пошироко, со цел да се адресираат критичните предизвици и можности со кои се соочува земјоделскиот сектор во регионот.
Форумот за земјоделска политика (APF) 2025 ќе се одржи на 3-ти и 4-ти јуни 2025 година, во Охрид, Северна Македонија, под наслов: „Насочување кон Интеграција во ЕУ и Влијанието на Климатските Промени врз Земјоделството: Обезбедување иднина за Нашите Земјоделци и Храна во Југоисточна Европа“ APF е организиран од Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој (SWG) во Југоисточна Европа (ЈИЕ) од 2001 година со цел да се овозможи креирање на
политики насочени кон земјоделството и руралниот развој во Југоисточна Европа
засновани на докази. Станува збор за дводневен настан кој вклучува релевантни регионални и меѓународни чинители, каде заеднички се изготвуваат предлози за идни политики.
APF 2025 се организира од страна на Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој (SWG) во ЈИЕ, во соработка со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.
Оваа година, Форумот ќе се фокусира на некои од најважните предизвици и можности со кои се соочува земјоделскиот сектор во регионот, со посебен акцент на пристапувањето во ЕУ, иновациите и климатската отпорност. Клучните тематски сесии ќе опфатат:
• Прилагодување кон климатските промени во земјоделството во ЗападенБалкан
• Иднината на сточарското производство во регионот и начините на одговор кон климатските промени
• Ослободување на потенцијалот на Агро-фотоволтаици за климатски отпорно земјоделство
• Концепт за воведување кратки синџири на снабдување со храна во Западен Балкан
• Процесот на проширување на ЕУ и Заедничката Земјоделска Политика: Нови и очекувани случувања
• Приоритети во процесот на пристапување кон ЕУ од земјоделска перспектива и соодветни прилагодувања на постоечките земјоделски политики
• Спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан: Ажурирање на тековните процеси и идни предизвици
• Кон нов дијалог за Земјоделски Политики во Југоисточна Европa Покрај пленарните сесии, Форумот ќе биде домаќин и на три тематски работни групи кои ќе се фокусираат на: Органско Производство, Прилагодување кон Климатските Промени во Земјоделството и Развој на Земјоделските Политики.
Дополнително, преку изработка на политичкиот документ со кратки препораки „APF Охрид Агенда 2025“, Форумот има за цел да постави основа за дискусија на претстојниот состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ, планиран за крајот на септември 2025 година.
Нацрт-програмата е достапна на следниот линк APF 2025 program