На 22.01.2025 во 14.00 часот во казино во струшкото село Велешта, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода лице на (37)г. од струшкото село Лабуништа затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.