АктуелноОхрид

Охридската судијка Билјана Белевска Пројковска избрана за судија на Апелациониот суд во Битола

Со 13 гласа „за“ таа е избрана за судија за кривична област, а беше прворангирана од Комисијата за судија од кривичната област.

Членовите на Судскиот Совет за судии за битолска Апелација за граѓанска област ги избра Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски, сите судии на Основен Суд Битола.

Судскиот Совет расправаше и по известувањето од Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови и донесе Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Врховен суд на Република Македонија, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш.

 

 

 

 

 

ohridpress.mk