На ден 19.01.2025 во просториите на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид во период од 9-15 часот Црвен крст Охрид во соработка со Институт за Трансфузиона Медицина на РМ ја организираа традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ на која што беа собрани рекордни 1️⃣1️⃣5️⃣ крвни единици меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.🅰️🅱️🅾️🆎
🙏Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, до екипите од Институтот за трансфузиона медицина, волонтерите од Црвен крст Охрид, Дебарско-кичевска епархија Охрид која обезбеди скромни подароци за крводарителите и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.