АктуелноОхрид

Приведен маж од Струга – во неговиот дом полицијата пронашла повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното дело

На 25.12.2024 во 07.40 часот на улицата „Чеде Филипоски“ во Струга, полициски службеници лишија од слобода (47) маж од Струга, кој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „измама“. По наредба на судија на претходна постапка, припадници на криминалистичката полиција од СВР Охрид и ОВР Струга, извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.