АктуелноОхрид

Жител од Кичево не застанал на знак од шумската полиција и со возилото удрил еден шумски полицаец

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 33 годишен жител од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 27.11.2024 на локален пат во кичевското село Осој, тој бил затекнат од патрола на Шумска полиција при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „лада нива“. Притоа, тој не застанал на даден знак од овластените службеници на шумската полиција и со возилото удрил еден шумски полицаец, по што избегал. По преземени мерки, лицето е пронајдено и лишено од слобода.