ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лице на (58) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
На 14.11.2024 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола во возило „фолксваген пасат“, при што констатирале дека врши превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај, издадена од надлежен државен орган