АктуелноОхрид

Пријава за 83-годишното лице од струшко Мислешево, кое неодамна со ловна пушка усмрти ловечко куче

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 83 годишно лице од струшкото село Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил.