АктуелноОхрид

Одземена ловечка пушка од лице од Мислешево поради усмртување на куче во сопственост на лице од истото село

На 02.11.2024 година во 19 часот, полициски службеници од ОВР Струга, од лице на (83) од струшкото село Мислешево, одзедоа една ловна пушка калибар 16 милиметри поради сомнение дека тој, ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на  лице (43) од истото село.

По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.