недела, ноември 10, 2024
АктуелноОхрид

Промоција на Македонските традиционални носии од Преспа во Корча

Македонското друштво „Сонце“ во соработка со Комитетот за национални малцинства на Република Албанија, го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“.

На овој посебен настан, ќе бидат промовирани, традиционалните женски носии на Македонците од Преспа и минијатурни верзии на носиите, рачно изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани. Двојазична брошура на македонски и албански јазик за македонските народни носии од Преспа, подготвена од Васил Стерјовски.

Придружете ни се во сабота, 07 септември 2024 година, во Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, со почеток во 11:00 часот. Ве очекуваме!

 

 

Vesnik-ilinden.com