АктуелноОхрид

Пецаков: Благодарение на ефикасното делување на сите надлежни служби на терен, двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола

Благодарение на ефикасното делување на сите надлежни служби на терен, двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола.
Акцијата за елиминирање на пожарите продолжува со максимална посветеност и денеска заедно со двата хелихоптери, кои од утрово повторно оперираат од воздух.
Упатувам јавно признание до сите вклучени во оваа неколкудневна акција! Нивниот ангажман е од непроценлива важност за заштита на заедницата и природата.
Јавноста и месното население, како и до сега ќе бидат навремено информирани за состојбата на терен.