АктуелноОхрид

(ФОТО) Познатиот хрватски актер Владимир Посавец Тушек одмара во Охрид

Хрватскиот актер Владимир Посавец Тушек кој македонската публика го знае по улогата Карло Крпан,која ја имаше во серијата „Друго име љубави“ деновиве својот одмор го поминува во Охрид.

Денес тој објави стори од плажата Канео, додека пак подоцна објави фотографија каде е сликан со својот син пред црквата Канео,а во позадина од фотографијата стави песна од нашата Каролина Гочева „Ако згрешам нека изгорам“.