ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Скопје и 33 и 37 годишни лица од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“. Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.
Извор: СВР Охрид