среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за Битолчанец – кај Лескоец бил затекнат како врши јавен превоз, а не поседувал лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 70 годишен Битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 22.04.2024, при сообраќајна контрола на патот Ресен-Охрид, кај селото Лескоец, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

извор: СВР ОХРИД