петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков: Набавени се 10 смарт табли за OOУ „Св.Климент Охридски”, со што ова училиште стана образовен центар во кој учениците ќе можат да следат целосно дигитализирана настава

Еден од нашите најважни приоритети е обезбедување на подобри и современи услови за образование. Во таа насока, набавени се 10 смарт табли за OOУ „Св.Климент Охридски”, со што ова училиште стана образовен центар во кој учениците ќе можат да следат целосно дигитализирана настава. Тоа ќе придонесе за поголема мотивираност на учениците да се вклучат во редовните образовни активности, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

За оваа намена издвоени се 390.000 денари од буџетот на Општина Охрид, како дел од годишната развојна програма на училиштето.
По завршувањето на денешната обука на наставниот кадар, наставните содржини во ова училиште ќе се реализираат исклучиво во дигитална форма и секој наставник ќе оддржува часови со примена на дигитални содржини за интерактивна настава.

извор: ФБ Кирил Пецаков