Денес светот го одбележува 2 Април – Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам. Да се даде поддршка, да се подобри квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од аутизам, борбата против дискриминација, а со тоа и прифаќање на различитостите и целосно вклучување во општеството.
Денес ги испраќаме пораките да ги разбереме, прифатиме и да создадеме поинклузивно општество, општество за сите. Дел од нас, дел од нив, да бидеме сите исти под ова сонце.
Во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување, OOУ”Св.Климент Охридски” се обои во сино.