АктуелноОхрид

Годишното собрание на ИПА – Регион Охрид, почесен член од ИПА асоцијацијата стана и министерот Тошковски

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Панче Тошковски, во рамките на посетата што викендов ја оствари на СВР Охрид, вчера присуствуваше на годишното собрание на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – Регион Охрид. Во своето пригодно обраќање, министерот Тошковски нагласи дека, Интернационалната полициска асоцијација, како независна асоцијација составена од членови на полицијата, без разлика дали се во активна служба или пензија, треба да биде партнер на Министерството за внатрешни работи со цел,заеднички придонес во зачувување на мирот и безбедноста.


– Ја поздравувам исклучителната активност на повеќе полиња на ИПА Охрид, како една од поактивните ИПА региони, во рамките на Националната ИПА секција, рече на конференцијата, Игно Стојков, претседател на ИПА Македонија. Додаде дека сите 9 ИПА региони во Македонија посветено работаат според Статутот на ИПА и принципите на посветеност кон јакнење на професионализмот на полициските службеници-членови на ИПА.


Претседателот на ИПА Охрид, м-р Стефан Димоски, упати благодарност до министерот за внатрешни работи Тошковски, за неговото присуство на Собранието, кажа дека тоа е голем знак на поддршка за работењето на ИПА Охрид. Потенцира дека ИПА Охрид посветено работи во интерес на ИПА членовите, соработува со локалната самоуправа, со граѓански асоцијации и здруженија и пријатели, организира едукативни кампањи и проекти со што, придонесува за јакнење на личниот и професионалниот интегритет на полициските службеници и развојот на заедницата.


На годишното ИПА Собрание во Охрид, претседателот на ИПА Македонија, Игно Стојков на министерот Тошковски му врачи службена ИПА значка со што, министерот и официјално станав дел од ИПА асоцијацијата како почесен член, а од страна на претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски му беше доделена златна ИПА плакета.