Регион

Родителите на Данка однесени со Брза помош од полициската станица

Брзата помош пристигнала пред полициската станица во Бор, каде беа повикани таткото и мајката на Данка Илиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, на нив им се слошило и лекарите морале да реагираат. Префрлени се во блискиот здравствен дом.

Семејството на малата Данка пред дваесетина минути пристигнало во полиција. Прво таткото, а потоа мајката со дедото на Данка.

Пред еден час беше објавено дека приведени се две лица кои го признале убиството на двегодишното девојче по кое 10 дена трагаше целиот регион.