АктуелноРегион

Багери прекопуваат на депонијата, приведени осомничените за монструозното убиство на Данка Илиќ

Осомничените за убиството на девојчето од Бор, Данка Илиќ, полицијата ги донела на депонија каде наводно го фрлиле нејзиното тело.

Криминалистичката полиција од Бор ги уапсила вработените во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

Како што јавува АТВ, С.Ј со службеното возило ја удрил двегодишната Данка и ја убил, а потоа нејзиното тело со колега го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на патот Старобањски.

На местото на дивата депонија во моментов се лоцирани екипи на форензичар и багер.

Депонијата се наоѓа на сред пат од Бањско Поље до селото Брестовац од каде што се родителите на Ивана, јавува репортерот на Курир од местото на настанот.

 

извор: kurir.rs