АктуелноОхрид

Се чисти дивата депонија кај градските гробишта

Екипите на ЈП „Градски гробишта“ започнаа со активности за чистење на дивата депонија во близина на муслиманскиот дел од Градските гробишта. До сега со помош на механизација се отстранети околу 100 метри кубни шут , а активностите за чистење ќе продолжат до целосно расчистување на просторот.
Проблемот со оваа депонија е направен од страна на претходната локална власт поради несоодветно депонирање на градежниот шут и други видови на отпад oд ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Нискоградба“.
општина Охрид