АктуелноОхрид

Ивана и Ана од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ со прво и второ место на регионалната олимпијада по германски јазик

Благодарност на ученичките за желбата за изучување на германскиот јазик и постигнатите резултати на Регионалната олимпијада 2024 кои на 24.2.2024 година ги постигнаа следниве резултати. Прва награда за Ивана Богданоска од I-3 и втора награда за Ана Танеска, ученичка од I-2 одделение, под менторство на проф. Цветанка Дамчевска, информираат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Од училиштето испраќаат благодарност до сите колеги и директорот Ристе Јанкоски, без чија несебична поддршка целиот овој настан не би бил возможен.

– Покажавме и докажавме дека заедно можеме да целиме повисоко и подалеку, додаваат од училиштето.